Сакаше да го утеши ривалот, а потоа Рудигер збесна и го остави Алаба без зборови (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антонио Рудигер се најде во центар на внимание по мечот против Реал Мадрид, откако неговиот тим славеше со 3-2, но сепак беше елиминиран од Лигата на шампиони (ЛШ).

Рудигер падна на тревникот, по што Давид Алаба сакаше да го утеши, но дефанзивецот на Челси збесна и почна да вика.

„Тоа се емоции… мислам дека ниту самиот не сакаше така да реагира. Емоциите не може да ги контролирате. На секого може да му се случи. Поради тоа фудбалот толку им значи на луѓето. Јас кршев во соблекувалната, понекогаш удирав и луѓе. Ги сакам емоциите кај фудбалерите. Мислам дека на Антонио ќе му биде жал поради овој птоег“, кажа Фердинанд.