„Сакав да го претепам Анри, тука ми е семејството, а тој крева рака...“

Поранешниот камерунски репрезентативец Лорен во разговор за „Атлетик“ раскажа за деновите поминати во Арсенал.

Лорен, кој беше познат како цврст фудбалер, за Арсенал настапуваше од 2000 до 2007 година и двапати беше шампион на Англија.

Поранешниот фудбалер ја делел соблекувалната со Тјери Анри, а потоа на еден меч тие се скарале, па Лорен од бес во соблекувалната го скршил огледалото.

„Натпреварот беше во директен пренос. Лига на шампиони, во Шпанија каде што пораснав јас и моето семејство ги гледаше неговите гестикулации со раце. Помислив, овој тип не ме познава. Мирен сум и повлечен, но ако погодиш погрешно копче, не ми е гајле кој е од другата страна. Земав шише и гаѓав кон Анри, а се скрши огледалото. Сакав да го претепам, но знаев дека без него нема да победиме“, открива поранешниот фудбалер.