„Сакавме одмазда“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанија нема да има шанса да го брани трофејот освоен пред четири години, а победата со резултат 2:0 беше одмазда на Аѕурите за поразот во финалето во 2012 година.

„Киев, Виена, Форталеза…Многу натпревари поради што сакавме одмазда. Но истотака сакавме и го заслуживме овој триум. Многу чекавме пред што го решивме мечот. Требаше порано да го завршиме, успеавме дури во последните 15 минути. Но позади нас беше светец, Буфон се запре“, рече Џорџо Киелини.

Во таборот на Шпанија големо разочарување, после светската, останаа и без европската круна.

„Без зборови сум. Мораме да се носиме со ова разочарување. Тие беа ефикасни кога беше најпотребно, беа супериорни. Ние премногу чекавме што тие ќе направат. Болат ваквите ситуации. Во текот на второто полувреме повеќе се боревме и мечот беше подруг. Сетга можеме само да размислуваме за иднината“, рече Андрес Иниеста.

Италија во наредната рунда ќе игра со Германија која ја исфрли Словачка.