Салах ги реши дилемите за тоа дали ќе остане во Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул се раздели со тренерот Јирген Клоп, а летово најверојатно ќе си заминат уште неколку фудбалери од клубот.

Пред заминување од премиерлигашот се Вирџил Ван Дајк, Александер Арнолд, а беше и Мохамед Салах кој јасно кажа дека не планира да замине од клубот.

„Знаеме дека во Ливерпул се бројат само титулите и ќе направиме сè што можеме за следната сезона повторно да освоиме пехар. Нашите навивачи го заслужуваат тоа“, кажа Салах.

Ливерпул би можел и да му понуди нов договор на Салах, но засега нема преговори меѓу двете страни.