Салах објави фотографија со своите ќерки, а монтажата на Дејал Ловрен ги насмеа сите до солзи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен го напушти Ливерпул ова лето и ја продолжи кариерата во Зенит.

Познато е дека Ловрен има одлична врска со Мохамед Салах, и дека најмногу се дружел со него во претходните години.

Откако потпиша за Зенит, Салах му испрати порака и рече дека многу ќе му недостасува.

Дека се навистина големи пријатели покажа и вчера. Салах објави фотографија со своите ќерки која ги воодушеви сите, а потоа на сцената се појави Ловрен.

Тој направи направи монтажа и се додаде на фотографијата, а на Салах му рече „Секогаш близу до семејството“.