Салах плачеше како мало дете, а Мане почна да го теши 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сенегал беше подобар од Египет по изведување на пенали, па така ја освои првата титула на Африканскиот Куп на нации. Јунак на победникот беше Садио Мане, кој го постигна решавачкиот пенал.

По мечот емоциите беа различни на двете страни, а најмногу внимание привлекоа солзите на Мохамед Салах, кој не успеа да го однесе Египет до титулата.

Салах на теренот не можеше да ги сокрие солзите, зашто на ѕвездата на Ливерпул ѝ беше тешко што загуби важен трофеј.

Сане по пеналите покажа што е пријателство, затоа што замина кон Салах и му даде поддршка, па така соиграчите од Ливерпул покажаа уште еднаш дека се големи пријатели.

Сенегал долго ќе ја памети минатата ноќ затоа што го освои првиот трофеј во историјата на Африканскиот Куп на нации.