Салах се збогува со Ливерпул – беше понуден на друг гигант, но доби „корпа“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Деновите на Мохамед Салах во Ливерпул се изброени. Неговиот договор со англискиот тим истекува на 30 јуни, и самиот потврди дека е „повеќе надвор отколку внатре“ во тимот со што наговести збогување од Енфилд. По осум години, би можел да направи голема промена и веќе се нуди бесплатно на гигант.

Салах беше еден од протагонистите на последниот премиерлигашки меч, спасувајќи ги „Црвените“ против Саутемптон во последните моменти од натпреварот. Десниот крилен напаѓач беше двоен стрелец, а својот гол за победа го прослави со соблекување на дрес. „Црвените“ итаат кон титулата, бидејќи екипи како Манчестер Сити и Арсенал не се во најдобра форма, но сè уште сме далеку од расплетот на сезоната.

Сега, во изјавите по натпреварот за „Ен-Би-Си Спортс“, говореше за својата иднина и јасно стави до знаење дека времето во англискиот тим може многу брзо да заврши.

Можното заминување на Салах од Ливерпул отвори можност за премин во Барселона како слободен, односно бесплатен играч следната сезона. Меѓутоа, ова прашање предизвикува контроверзии внатре во самиот клуб. Како што дознава „Мундо Депортиво“, не се сите во Барса согласни со оваа идеја и некои мислат дека на таа позиција веќе имаат подобар играч, алудирајќи на талентираниот Ламин Јамал.