Самсоненко го продал Вардар за два милиони денари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Фактор.мк“ објави дека најтрофејниот македонски клуб Вардар официјално има нов сопственик, откако рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко го продал тимот.

Според информациите на медиумот, Самсоненко го продал Вардар за два милиони денари, односно 32.500 евра. Но, засега не се открива кој е новиот сопственик, туку само пристигна потврда дека новиот газда ќе го преземе долгот од три милиони евра на „црвено-црните“.

Минатото лето компанијата „Блу Скај“ доби дозвола од Град Скопје да го преземе Вардар од Самсоненко, но засега официјално името на сопственикот не е објавено.

Извор: „Фактор.мк“

Фото: ФК Вардар