Сари објасни зошто го извади Роналдо од игра: „Благодарни сме му, но…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус синоќа на свој терен го победија Милан со резултат од 1:0 во дербито од 12. коло од италијанската Серија А.

Јуве повторно не беше во форма, но на крајот од натпреварот сепак успеа да дојде до три бодови. Јунак на Старата Дама синоќа беше Пауло Дибала кој во 77. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

Дибала во игра влезе во 55. минута од натпреварот кога Маурисио Сари ги шокираше навивачите на Јувентус. Тој одлучи да го извади од игра Кристијано Роналдо, а наместо него заигра Пауло Дибала и се воспостави дека тоа беше клучниот потег.

Португалецот само го погледна Сари додека излегуваше од теренот и со сигурност беше лут зошто тренерот го заменил на самиот старт на вториот дел од натпреварот.

Сари го прокоментира тоа по натпреварот и ја пофали играта на Роналдо и откри дека тој имал проблеми со коленото.

„Мораме да се заблагодариме на Роналдо бидејќи се жртвуваше вечерва во тешка ситуација. Направи се за да игра, но кога го видов дека не е добро одлучив да го извадам од игра. Природно е играчот да е незадоволен кога излегува од игра, а посебно ако макотрпно работел за да биде на тоа место. За време на изминатиот месец дена имаше проблеми со коленото откако доби удар на тренинг и малку ги повреди и лигаментите. Тренираше со висок интензитет, но видов дека не може да го пружи својот максимум. Не беше на своето ниво и тоа е тоа“, рече Сари.