Сари „пресече“: Манџукиќ конечно го напушта Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот хрватски напаѓач Марио Манџукиќ е на чекор до заминување од Јувентус со оглед на тоа дека не замина на гостувањето во Фиренца.

Агентите на хрватскиот напаѓач работат на трансфер, а како најреална опција и дестинација се споменува Лос Анџелес, кој настапува во МЛС-лигата.

Манџукиќ летово одби голем број понуди од европските гиганти во надеж дека ќе избори минутажа, но Маурицио Сари реши да му даде предност на Гонзало Игуаин.

Во конкуренција за составот на „Старата дама“ се наоѓа и Емре Џан, иако не беше на списокот со фудбалери за Лигата на шампиони, како и фудбалерот Арон Ремзи, кој се врати од повредата, па ќе може да игра против Фиорентина.