Сари во Јувентус ќе носи фудбалер кој го тренираше во Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Италија пренесуваат дека Јувентус во следниот период ќе подготви понуда за фудбалерот на Челси, Жоргињо.

Италијанскиот репрезентативец пристигна во Челси од Наполи токму кога Сари беше тренер на клубот. Играчот од средниот ред играше под водство на Сари и во тимот од Неапол, а сега би можел да потпише и за трет клуб чиј тренер е искусниот Сари.

Од Челси нема да му прават проблеми на Жоргињо и ќе го пуштат да си замине доколку понудата од Јувентус ги задоволува нивните барања.