„Се бара човекот кој почнал и прв го удрил Денис Тот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Денис Тот го загуби својот живот по 24-часовна борба во клинички центар, откако бил претепан од три лица.

Младиот играч пред неколку дена бил нападнат пред популарен ноќен клуб во Скопје, а полицијата откако ги прегледала снимките уапсила две лица, меѓу нив и 19-годишна девојка, а едно лице е во бегство.

„Моите последни информации се дека се бара човекот кој го почнал тоа. Тој прв го удрил ракометарот, кој не се ни бранел, а потоа другите двајца го удирале во глава со нозе. Најостро ги осудуваме сите шпекулации за овој трагичен настан“, вели главниот обвинител во Скопје, Гаврил Бубевски за „РТЛ“.