Се ближи крајот: Познато кога ќе замине Гвардиола од Манчестер сити


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола оваа сезона ја освои Премиерлигата со Манчестер сити, а набрзо би можел да си замине од англискиот гигант.

Гвардиола ги презема „граѓаните“ во 2016 година, а со нив освои дури 17 пехари и многумина се надеваат дека ќе остане, но Пеп најверојатно ќе замине на крајот на следната сезона.

„Дејли Мејл“ пишува дека Гвардиола ќе замине во јуни 2025 година, иако управата на премиерлигашот ќе му понуди нов договор.

Тренерот ги предводеше „граѓаните“ на 472 меча досега, а притоа запиша 349 победи, 57 ремија и 66 порази.