Се ближи стартот на Австралијан опен: Пет тенисери од светскиот врв не сакаат да се вакцинираат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На средина на следниот месец се игра Австралијан опен, кој е на програмата од 17 до 30 јануари, а првиот гренслем-турнир во сезоната има што да ни понуди како и секоја година.

Меѓутоа, постојат и одредени правила и протоколи кои мора да ги следат тенисерите. Тие мора да бидат вакцинирани доколку сакаат да настапат на турнирот во Мелбурн.

За ова во претходните недели многу се пишуваше затоа што најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ не е вакциниран, а според податоците на АТП, само пет тенисери од светскиот врв не се вакцинирани и не сакаат да го направат тоа.

Пред Австралијан опен се игра АТП-купот, каде што тенисерите исто така не можат да настапат без вакцина.