„Се изнесмеавме кога слушнавме дека Карачиќ ќе се врател во Вардар“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар гради амбициозен состав за следната сезона, во која ќе се обиде да се пласира на Ф4-турнирот во Лигата на шампиони, но и да ја освои европската титула.

Дел од медиумите почнаа шпекулации пред неколку дека дека Игор Карачиќ е на праг до враќање во Вардар, откако Кјелце се соочи со финансиски проблеми.

Сепак, такво нешто нема да се случи, барем така тврди првиот човек на тимот, Бертус Сервас.

„Се изнасмеав кога слушнав дека Карачиќ ќе се врати во Вардар. Игор ќе остане со нас и следната сезона“, кажа претседателот на Кјелце.

Да потсетиме, Кјелце остана без важен спонзор и токму поради тоа почнаа шпекулациите за Хрватот.