Се јави четвртиот судија од Париз и откри што се случило!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Романскиот судија Себастијан Колетску е главна приказна во светот затоа што го обвинија дека на расна основа го навредил помошникот на Башакшехир, Пјер Вебо на мечот против ПСЖ, по што дуелот беше прекинат.

Колетску по натпреварот даде кратка изјава за „ПроСпорт“ и кажа дека не е расист, како што се пишува за него во светските медиуми.

„Во следните денови нема да читам никакви текстови. Секој кој ме познава знае дека не сум расист. Барем верувам дека е така. Не може да даваме други изјави, зашто прво мора да разговарам со УЕФА. Би ви одговорил на прашањата, но не можам вечерва“, кажа судијата.

Судиите заминуваат дома, а на нивно место ќе дојдат други, кои треба да го судат дуелот меѓу ПСЖ и Башакшехир.