Се обидуваат да го симнат од тронот: АТП го казни Ѓоковиќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


АТП направи срамен потег, откако реши да го казни парично најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ поради неисполнети обврски од 2019 година кон турнирите, каде што настапувал.

Српските медиуми се остри во критикувањето кон АТП, за кој сметаат дека планира да му го расипе планот на Србинот во неговиот поход кон рекордот на Роџер Федерер.

Ѓоковиќ не настапи на Мастерсот во Париз, зашто поради промена на начинот на бодување не мораше да брани максимален број на бодови, кои ги освои минатата година во Франција.

Српскиот тенисер во четвртфиналето на турнирот во Виена успеа да обезбеди доволен број бодови, кои му овозможуваат до крајот на 2020 година да биде сигурен на првата позиција.