Се огласи и Балотели по повод шпекулациите кои го поврзуваа со Црвена Звезда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текот на денешниот ден како бомба одекнаа шпекулациите кои поврзаа Марио Балотели со трансфер во редовите на Црвена Звезда.

Наводно Дејан Станковиќ ќе го убедел контроверзниот напаѓач да се пресели на „Рајко Митиќ“, но како што стојат работите од тоа нема да се случи ништо.

„Моја божиќна желба е да имам добро здравје и моето семејство да е здраво. Исто така сакам да останам во Бреша, освен ако претседателот не ме сака овде. Моите намери се да останам, овде сум како дома“ –изјави Балотели.