Се појавија деталите од договорот кој Милан му го понудил на Ибрахимовиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ по епизодата во САД најверојатно ќе се врати во Италија.

Следниот месец на Ибрахимовиќ му истекува договорот со ЛА Галакси и ќе биде на позиција како слободен играч да го избере својот нов клуб. Потенцијалната дестинација е Сан Сиро каде веќе има играно од 2010. до 2012. година.

Медиумите на Апенините тврдат дека не се работи за шпекулации и дека агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола веќе ги завршил разговорите со клубското раководство а објавени се и деталите кои беа понудени на 38-годишниот шведски напаѓач.

Gazzeta Dello Sport дознава дека Милан му понуди на Ибрахимовиќ договор до крајот на моменталната сезона, но во истиот постои и клаузула според која можно е да се продолжи договорот и за наредната сезона. За тие 18 месеци предвидено е Милан да му исплати на Ибрахимовиќ вкупно шест милиони евра.

Пред тоа имаше шпекулации дека Ибрахимовиќ бара од Милан месечна плата од милион евра, но клубот од Сан Сиро му нуди трипати помала заработка.

Ибрахимовиќ му даде до знаење на спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан дека во наредните седмици ќе ја донесе конечната одлука за тоа дали ќе се врати.