Се повреди уште една ѕвезда на Манчестер сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити остана без Бенардо Силва кој се повреди на мечот против Црвена Звезда и го чека пауза од две недели.

Португалецот им се приклучи на повредените Кевин Де Брајне, Матео Ковачиќ, Џек Грилиш и Џон Стоунс, но за среќа ќе паузира само две недели.

„За среќа Силва не е посериозно повреден. Играме многу натпревари. Доколку имаше помалку дуели немаше да има толку повреди зашто играчите ќе имаа доволно време за одмор“, кажа Гвардиола.