Се приближуваме до голем трансфер, Граѓаните ја завршуваат работата со Шпанец!

Уште еден шпански фудбалер наскоро може да заигра во Манчестер Сити.

Нормално, се работи за напаѓачот на Селта, Нолито.

Овој напаѓач моментално е со репрезентацијата на Шпанија на ЕП, игра таму многу важна улога во тимот на Висенте Дел Боске.

Претходно неколку сезони одигра на врвно ниво,  се заинтересира и Барселона, но постои интерес и од од англиската Премиер лига.

Пеп Гвардиола е голем пријател на неговиот начин на игра, го сака по секоја цена во својот тим во наредната сезона, а сите прилики укажуваат и дека ќе го добие.

Како што пренесуваат шпанските медиуми во денешните изданија, Манчестер Сити ја завршува работата околу доведување на 29-годишниот напаѓач на Селта.

Се работи за сума од 18 милиони евра, што и потврдија и поедини телевизии во Шпанија.

Значи, многу сме блсику до еден од трансферите кои можат да го одбележат ова лето.