Се роди во камп за бегалци, а сега е европски шампион!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга има една од најтешките животни приказни, но сепак големиот број предизвици и искушенија не го спречиле да си го оствари сонот.

Камавинга е роден во 2002 година во Ангола во камп за бегалци, по што на двегодишна возраст се сели во Франција, а потоа на 11-годишна возраст останува на улица со семејството.

Меѓутоа, тоа не го спречи да си ги оствари соништата и да стане најмладиот фудбалер на Рен и француската репрезентација, по што лани потпиша за Реал Мадрид, а пред неколку дена стана европски шампион.

Момчето може да се пофали и со трофеј во Ла Лига и шпанскиот Суперкуп, но и францускио Куп, а сезонава одигра 46 меча и постигна два гола и две асистенции.