„Сè се менува во тенисот, а само Ѓоковиќ останува на врвот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев сака да освои повеќе титули во 2024 година, откако оваа сезона ја заврши на третото место на АТП-листата зад Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.

Медведев знае дека конкуренцијата е огромна, а според него секој може да биде загрозен освен Ѓоковиќ кој секогаш завршува на врвот на АТП-листата.

„Ако се погледне оваа година и турнирите, ние четворица се одделивме од останатите во еден дел од сезоната. Сепак, следната година може сè да се промени. Единствено е сигурно дека Ѓоковиќ ќе биде на врвот“, вели Медведев.