Се сретнаа Конте и Лукаку, а секој коментар е сувишен


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Ромелу Лукаку е нов играч на Интер.

После големите драми Белгиецот конечно потпиша договор со италијанскиот великан, а раководството на овој тим конечно ја исполни најголемата желба на тренерот Антонио Конте.

Од првиот ден по доаѓањето на клупата на Интер, Конте побара да му го доведат Лукаку. После долгите преговори во тоа и успеаа, а првата нивна средба беше одлична.

Конте со насмевка на лицето го дочека Белгиецот.

„Тој е најдобар тренер во светот. Тој може играчот да го направи подобар“, беше коментарот на Лукаку.

Белгиецот на Меаца ќе го носи дресот со број девет, кој Интер му го одзеде на Мауро Икарди.