Се тепав со Видиќ, три месеци не зборувавме: Сер Алекс морал да менува тактика поради нив!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Немања Видиќ и Патрис Евра ги минаа најдобрите денови од кариерите заедно во Манчестер јунајтед и останаа одлични пријатели, меѓутоа малку е познато дека во еден период воопшто не зборувале.

Двајцата стигнале на „Олд Трафорд“ во 2006 година, а Евра прв стигна до првиот состав, додека на Србинот му требаше повеќе време за такво нешто.

Иако не откри за што станува збор, сепак Евра призна дека Србинот сакал да се смират, а откри и други детали.

„Игравме заедно на теренот, а не зборувавме. Никогаш не му кажав да игра лево или десно, и тој беше таков кон мене. Затоа Фергусон ги замени местата на Видиќ и Фердинанд. Се степавме и не зборувавме три месеци, и тоа до момент кога тој сакаше да се смириме, по што станавме добри пријатели“, вели Евра.