Се „тресе“ Островот: Де Јонг замина за Лондон (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандскиот репрезентативец Френки Де Јонг долго време се поврзува со трансфер, а денеска си замина од Барселона и одлета за Лондон, но засега не е позната неговата причина за посетата, иако има шпекулации дека ќе оди на свадба.

Де Јонг претходно го одби Манчестер јунајтед, иако клубовите се договорија, па интерес за неговите услуги покажа Челси, но ниту од тоа не испадна ништо на крајот.

Меѓутоа, неговото последно заминување во Лондон активира голем број шпекулации во медиумите и сега делува дека Челси е подготвен да плати 80 милиони евра за неговите услуги.

Новинарите на „ЕСПН“, сепак, тврдат дека причината за посетата на Англија е приватна, но наскоро ќе дознаеме зошто Де Јонг реши да го посети Лондон.