Секој со такво однесување не е добредојден на „Емирати“…


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во Арсенал го осудија расистичкото навредување насочено кон стоперот на Наполи, Калидоу Кулибали.

Арсенал најави дека ќе го истражи видеото кое се појави на социјалните мрежи и на кое се гледа како еден од навивачите го злоставува Кулибали во текот на вчерашниот меч на „Емирати“.

Кулибали слично искуство имаше во Серија А порано, а овојпат и Европската лига.

„Секој кој така се однесува не е добредојден во Арсенал и ќе му биде забрането доаѓање на натпреварите. Имаме исклучителна разноликост во заедницата на навивачи кои се членови на семејството и Арсенал не сака вакви работи на „Емирати“““, соопштено е од лондонскиот клуб.

„Ги охрабруваме фановите да пријават било какви инциденти директно во клубот или службените лица“, беше порачано.

Само седум дена порано, Моис Кин доживеа растистички навреди во текот на мечот помеѓу Калјари и Јувентус и овој проблем станува се посериозен во светот на фудбалот.