„Секоја година гледам како Рафа го освојува трофејот, а сега јас сум на негово место“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полската тенисерка Ига Швјонтек одржа многу чуден, но искрен говор за освојување на првата гренслем-титула во кариерата.

Швјонтек им се заблагодари на сите кои помогнале за да се одржи големиот турнир.

„Не сум баш најдобра со говори, зашто последниот турнир го освоив пред две години. Не знам ни на кого да му се заблагодарам. Секоја година го гледам Рафа како го крева трофејот, а сега јас сум на негово место. Би им се заблагодарила на сите навивачи и на сите кои гледаа од Полска. Знам дека таму слават. Ќе им се заблагодарам кога ќе се вратам. Благодарам и до мојата сестра и татко“, вели младата тенисерка.