Селекторот на Македонија мора да оди на операција: Моето здравје не е добро!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Игокеа и селектор на Македонија, Драган Бајиќ ќе мора во следниот период да одмара од кошарката затоа што треба да оди на операција.

Игокеа ќе остане без тренер на следните неколку натпревари затоа што селекторот на Македонија мора да се оперира, откако за српските медуми кажа дека не се чувствува најдобро.

„Подолг период моето здравје не е најдобро. Работев под инекции, но докторите кажаа дека мојот проблем може да се реши со хируршки зафат. Се надевам дека ќе помине во најдобар ред и набрзо ќе се вратам на работа“, кажа Бајиќ.

Наместо него, на клупата на Игокеа ќе го замени Марко Бараќ, кој во клубот пристигна со Александар Трифуновиќ, а претходно беше член и на Младост.