Селекторот на САД шокиран по атентатот врз Трамп


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканците за нов мандат, Доналд Трамп го преживеа атентатот, а овој инцидент ги шокира и спортистите.

Тренерот на кошаркарите на САД, Стив Кер беше вознемирен по случувањата и испрати порака до јавноста.

„Дознав од моето семејство. Јас бев во шок. Тоа беше уште една ужасна сцена од нашата држава. Страшно е да се размислува каде оди ова поради проблемите кои ги има во земјата“, кажа Кер.