Селтик се засилува, стигнува еден од најталентираните во Европа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Муса Дембеле е ново засилување на Селтик.

На официјалниот сајт на Селтик може да се пронајде вест дека Муса Дембеле, досегашниот фудбалер на Фулам, е ново засилување на тој клуб.

На него договорот со Фулам му истече, не сакаше да го продолжи и својата кариера ќе ја продолжи кај Брендан Роџерс, новиот менанџер на Селтик.

Муса Дембеле игра на позиција напаѓач, важи за еден од најдобрите во Европа во неговата возраст, го покажа тоа играјќи за Фулам во Чемпионшип после што интересувањето за него беше огромно.

Тотемхем се доведуваше во врска со него, баш како и Евертон, но 19-годишниот Французин се одлучи да оди во Селтик.

Селтик го напушти еден напаѓач, во прашање е Стефан Шчеповиќ кој за секогаш стана играч на Гетафе.

BREAKING: Celtic have signed Moussa Dembele on a four-year deal. Via: @celticfc

A photo posted by The Sport Bible (@thesportbible) on