Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Франција ја совлада Ирска со 2:1.
Лош старт за домаќинот, фантастичен за Ирците. Пол Погба стартуваше во казнениот простор и Ирска доби пенал. Брејди ја намести топката и погоди за водство на репрезентацијата на Ирска. Марфи во 21-ва минута се обиде по втор пат да го натера Лорис да ја вади топката од својата мрежа, но не му успеа. Погба потоа шутираше од далечина, но за Рендолф тоа беше лесен плен. Стартот на второто полувреме донесе возбудување, Кошчиелни за малку ќе израмнеше. Потоа можеше многу лесно да биде зголемена предноста, но Лорис во последен момент интервенираше. Гризман во 58-ма минута го израмни резултатот со својот погодок со глава. 60-та минута и нова шанса за Французите, шутираше Димитри Паје, но над голот. Антоан Гризман во 61-ва минута го постигна својот втор погодок на натпреварот и му донесе водство на Французите од 2:1. Од 66-та минута Ирска остана со фудбалер помалку на теренот бидејќи Дафи доби директен црвен картон поради старт над Гризман. Жињак во 77-ма минута ја погоди пречката. Гризман со двата погодоци му донесе четвртфинале на Франција.