Сензација на повидок: Канте си оди од Челси и се сели во Арсенал!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Арсенал е заинтересиран за услугите на францускиот репрезентативец Н’Голо Канте и планира да го купи во следните денови.

Канте има договор на уште 12 месеци со премиерлигашот, па поради тоа Арсенал сака да ја искористи шансата и да го добие Французинот за помалку пари.

Арсенал засега нема испратено официјална понуда за Канте, меѓутоа постои интерес од тренерот Микел Артета, а не е познато дали Томас Тухел би се согласил да продаде еден до најважните играчи во тимот.

Проблемите со повреди го исфрлија Канте од првиот тим на Челси, но тој е талентиран и може да се врати во екипата доколку не се соочи со нови главоболки во следниот период.