Сензација на стартот на ЛШ: Челси падна на испит кај Адеми и Ристовски! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси пристигна како голем фаворит во Загреб, но Динамо успеа да го изненади и да слави со 1-0 во првото коло на Лигата на шампиони (ЛШ).

Пјер-Емерик Обамејанг дебитираше за Челси и се очекуваа голови од него, но тоа не се случи, а Динамо ја искористи првата контра и преку Оршиќ го матираше Кепа Аризабалага.

Динамо можеше и до 2-0, но фантастичниот удар на Стефан Ристовски го одбрани неверојатниот Кепа, кој конечно доби шанса меѓу стативите на Челси.

Во продолжение од средбата Динамо се бранеше успешно, а Челси напаѓаше, но некако без идеја, па мрежите останаа да мируваат до крајот.