Серафимов: Среќен сум за мојот гол, но најважна е победата на Македонија


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Македонија славеше против Летонија со 1-0 и така обезбеди Б-дивизија во следното издание на Лигата на нации, а голот за триумф го постигна Никола Серафимов.

Серафимов донесе големи три бода за македонската репрезентација, по што кажа дека најважно е тоа што Македонија остварила нов триумф.

„Среќен сум за деби-голот, се надевам дека ќе има и други, но да бидам искрен најважна е победата и трите бодови. Знаевме дека ќе биде тежок меч, но одигравме максимално трпеливо и мудро. Не чувствуваме никаков притисок“, кажа Серафимов.