Серена Вилијамс: Јас да го направев потегот на Зверев, сега ќе бев во затвор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејната тенисерка по број на гренслем-титули, Серена Вилијамс го кажа своето мислење за потегот на Александер Зверев на турнирот во Акапулко.

Германецот беше исфрлен од турнирот во Мексико затоа што со рекетот неколку пати удри по столчето на кое седеше главниот судија.

Многумина сметаа дека санкцијата кон Германецот е мала и треба да добие поголема суспензија, а за инцидентот зборуваше и Вилијамс.

„Апсолутно се сложувам дека постојат двојни аршини, јас најверојатно ќе завршев во затвор ако го направев тоа. Навистина го мислам тоа, не се шегувам. Всушност еднаш бев на условна казна“, вели Серена.

Американката беше казнета со 175.000 долари и условна суспензија од две години поради однесувањето во мечот против Ким Клајстерс на Вимблдон во 2009 година.