Сетиен го нападна Меси, а Куман ги зачуди сите со контра-удар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен зборуваше дека не е можно да се водат фудбалери како Лионел Меси.

„Постојат играчи кои не се лесни за управување. Меѓу нив е Меси. Мора да имате на ум дека тоа е најдобриот фудбалер во историјата и кој сум јас да го менувам?“, кажа Сетиен.

На денешната прес-конференција пред мечот на Барселона против Динамо Киев се јави Роналд Куман.

„Секоја недела разговарам со Меси за работите на теренот и од соблекувална и навистина имам добар однос со него. Почитувам што ќе кажат другите, но Лео е најдобар и немам проблеми со него. Не се сложувам со Сетиен“, вели Куман.