Сетиен потврди дека Барселона го посакува Лаутаро Мартинез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Кике Сетиен во интервју за „Онда Серо“ потврди дека од клубот се заинтересирани да го донесат Лаутаро Мартинез.

Сепак, Сетиен посочи дека поради пандемијата од коронавирусот се уште не се знае дали трансферот ќе се реализира или не.

„Збруваме за трансфери, но пандемијата со коронавирусот ќе промени многу работи. Ситуацијата во клубовите е комплицирана. Не сум песимист, но не сум ни оптимист за трансферот на Лаутаро Мартинез. Ми се допаѓаат одличните фудбалери, но јас немам илузии засега“ –изјави Сетиен.