Сетиен со јасен став: Левандовски е одличен, но не е на нивото на Меси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона и  Баерн Минхен ќе го одиграат најинтересниот натпревар од четвртфиналните парови во Лигата на шампионите.

Многумина веруваат дека Баерн Минхен е фаворит во овој натпревар, но таков став нема тренерот на Барселона, Кике Сетиен.

Сетиен изјави дека Левандовски е неверојатен фудбалер но во моментов тој не е на нивото на Лионел Меси кој е класа за останатите играчи.

„Левандовски е супер фудбалер, но мислам дека не е на ниво со Лео. Јасно е дека е во одлична форма и дека добро му помагаат соиграчите.

Го видовме Лео против Наполи, добро е што можеме да уживаме во такви играчи. Лео секогаш може да помогне да го добиеме тој натпревар, но јас секогаш сум верувал во силата на тимот. Мора да му помогнеме на Меси затоа што колку и да е извонреден би бил лош без тим позади него“ –изјави Сетиен.