Севиља се засилува од Сицилија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зделката треба да биде официјализирана многу брзо.

Додека Севиља во забрзано темпо работи на тоа за Гансо конечно да го доведе во Европа, Севиља е на прагот да заврши голема работа и да го ангажира Франко Васкез од Палелмо!

Газета дело Спорт јавува дека зделката оди во вистинска насока и дека клубот од Андалузија трансферот ќе го официјализира во најскоро време, веќе во наредните  48 часови, поради тоа што Палермо прифати да го продаде својот креатор на игра.

Позната е дури и сумата – Палермо на име трансфер треба да добие 15 милиони евра, плус одредени бонуси, а популарниот Мудо Васкез ќе добие петгодишен договор вреден 23 милиони евра по сезона.

Васкез веќе две години е еден од водечките играчи на тимот од Сицилија и често е најзабележителен на теренот. Палермо пред речиси месец дена одби Васкез да го продаде  на Милан за идентична сума, од причина што се работи за голем ривал.