Шакири постигна ремек дело, Џака трагичар – Полска после пенали во четвртфинале


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Репрезентацијата на Полска во осминафиналето на ЕП ја совлада Швајцарија минимално со 1:0.

Уште на стартот на натпреварот после грешката на фудбалерите на Швајцарија, Левандовски се избрука. Швајцарците имаа одлични шанси, но не го загрозија Фабиански. Конечно во 39-та минута го видовме првиот погодок на натпреварот кој беше дело на Јакуб Блашчиковски. Левандовски имаше шанса да ја зголеми предноста, но Зомер беше на висина на задачата. 51-ва минута Шакири испрати фантастичен удар кој заврши во рацете на Фабиански. Слободен удар за Швајцарија во 73-та минута и шут на Родригез, но Фабиански фантастично одбрани и не дозволи да прими погодок. Шакири во 79-та минута после одбиена топка ја погоди пречката. Во 82-ра минута видовме фантастичен погодок и ремек дело на Џердан Шакири кој донесе израмнување и продолжение. Дердијок во 113-та минута ја пропушти најголемата шанса за погодок кога шутираше со глава, а Фабиански фантастично одбрани. Дердијок повторно во 118-та минута имаше одлична шанса да и донесе четвртфинале на Швајцарија, но катастрофално шутираше и тоа беше лесен плен за Фабиански. На пенали подобра беше репрезентацијата на Полска со 5:4 и се пласира во четвртфинале.