Шалке одигра реми со Унион Берлин и израмни негативен рекорд од 1993


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварот од 30. Коло во Бундеслигата меѓу Унион Берлин и Шалке заврши 1-1. Гостите беа фаворити во дуелот, но на теренот не се покажаа, па на крајот бодовите беа поделени.

Уште во 11. минута беше забележан првиот гол. Унион Берлин поведе со 1-0, а Шалке израмни во 28. минута преку Кени на 1-1 и тогаш го поставија конечниот резултат на мечот.

Во второто полувреме двете екипи се обидоа да стигнат до трите бода, но не ги искористија шансите кои ги имаа.

Шалке по овој меч се наоѓа на 10. место со 38 бодови, додека Унион Берлин има 32 бодови на 13. позиција.