Шампион донираше 500.000 фунти за болните од рак

Британската пикадо сензација Лук Литлер беше блиску до светска титула на возраст од само 16 години, но неговиот постар колега Хемфрис успеа да слави во битката.

Хемфрис потоа објави дека целиот приход од титулата, односно 500.000 фунти ќе ги донира во хуманитарни цели, и тоа за болните од рак на простата.

Ова го натера спонзорот на првенството „Педи Пауер“ да го следи потегот на Хемфрис и да ја зголеми двојно сумата, односно милион фунти ќе бидат донирани за болните.