Шампионот во забивања во НБА лигата има намера да игра рагби


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Трикратниот НБА шампион во забивања, Нејт Робинсон тренира со екипата на Сиетл и ќе се обиде да избори место во ростерот за натпревари.

Популарниот „криптонеј“ има намера да заигра во НФЛ лигата како корнербек и изјави дека неговата намера е сериозна како срцев удар.

„Ова е мојот мал-голем сон. Сакам да одиграм една сезона во НФЛ за да можам да ја споредам со НБА лигата. Мислам дека ќе можам да се носам со момците, професионален спорт е професионален“ – рече Робинсон.

Нејт играше 11 сезони во НБА, а доколку му успее овај обид ќе биде вториот човек после легендарниот тренер Бад Грант кој играл и во НБА и во НФЛ лигата.