Шарапова го објави нејзиниот број, па доби неверојатни – 2,2 милиони пораки!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако годинава замина во пензија на 33 години, Марија Шарапова пред неколку дена повторно се најде во центар на внимание. Таа реши да ја скрати досадата во време на изолацијата така што го објави нејзиниот број на телефон и ги повика фановите да и испратат пораки.

Русинката на социјалните мрежи објави дека добила неверојатни 2,2 милиони пораки за 40 часа.

„Размислував како да дојдам со сите вас во контакт и се сетив на една идеја. Сакам да слушнам што мислите за оваа ситуација и карантинот. Еве ви идеја, сакам да ми пишете што мислите за тоа“, беше пораката на поранешната тенисерка.

Секако, зад тоа стои маркетинг. Станува збор за една апликација, која на фановите преку испраќање на пораката им дава нови известувања, промоции…