Шекил О’Нил со еден потег го промени животот откако светот го загуби Коби Брајант


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА-лигата, Шекил О’Нил уште е потресен поради загубата на неговиот пријател Коби Брајант, кој настрада во пад на хеликоптер во Калифорнија.

Легендарниот центар зборуваше за Коби и откри дека решил да го промени животот од корен. Тоа го направил така што ги „закопал“ сите проблеми со луѓето со кои бил скаран зашто смета дека никогаш не се знае што може да се случи во животот.

„Тешко ми е, но решив да ги закопам сите проблеми. Не сакам повеќе да се карам со луѓе. Не сакам тоа повеќе да го паравам, зашто… никогаш не се знае“, вели Шек.