Шкендија и Академија Пандев ги добија ривалите во Конференциската лига


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На денешната ждрепка во Нион беа одредени противниците за Академија Пандев и Шкендија во Конференциската лига.

Македонскиот вицешампион ја доби Лехија од Полска и тоа ќе биде тешка задача за тимот од Струмица, додека Шкендија немаше многу среќа со послабите можни противници.

За тетовскиот тим ривал во квалификациите ќе биде ерменски Арарат, кој и во претходните сезони не се покажа како лесен противник.

Првите натпревари се играат на 7 јули, додека реваншите се на 14 јули.