Шкендија почна со ремонт: Тетовци ангажираа бивш фудбалер на Ворскла


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкендија си го обезбеди првото зимско засилување, откако денеска потпиша договор со поранешниот играч на Ворскла, Ардин Далку.

Далку тренираше три недели со Шкендија, а имаше настап и на пријателски меч, па сега доби договор и ќе може да им помогне на Тетовци да се вратат на победнички колосек, откако по 11 кола имаат дури 10 бода негатива зад Вардар и Академија Пандев.

Новиот фудбалер на Шкендија одигра 60 меча за првиот тим на Ворскла, а договорот му заврши во јуни, па екипата „под Шара“ ќе ја засили како слободен фудбалер, додека право за настап ќе добие од пролетниот дел на сезоната.

„Среќен сум што потпишав за Шкендија. Мотивиран сум за предизвикот. Ова е тим со големи амбиции и ќе дадам максимум“, порача Далку.

Фото: Шкендија