Шкендија се засили со Бразилецот Менсалао


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шкендија ги почна подготовките за вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, по што го промовираше Михаил Маневски, а денеска стигна уште едно засилување за тимот од Тетово.

Нов играч на Шлендија е Бразилецот Андре Менсалао. Менсалао со Шкендија потпиша договор на година ипоил. Станува збор за играч од средината кој може по потреба и да ја покрие позицијата на лево крило.

„Среќен сум што сум дел од Шкендија. Тетово е убав град, веќе неколку дена сум тука и почнав да се прилагодувам. Македонија е мојот втор ангажман во Европа, претходно бев дел од ерманскиот шампионат. Шкендија е тим со одлични играчи и игра брз и напаѓачки фудбал, мислам дека тоа ми одговара. Овој ангажман е предизвик за мене да го прикажам целиот мој капацитет“, изјави Менсалао.

Во есенскиот дел од сезоната Менсалао играше за Севан и постигна шест гола на 13 меча.