Шоу на Јаховиќ и хет-трик за Гецтепе 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Maкедонскиот напаѓач Адис Јаховиќ одигра одличен натпревар против Хатајаспор и со хет-трик донесе победа за Гецтепе од 3:2 во рамките од 33. коло во турската Суперлига.

Првиот гол Јаховиќ го постигна после половина час, а осум минути подоцна зголеми на 2:0.

Останатите голови беа постигнати во второто полувреме. Диуф намали на 1:2, а тогаш Јаховиќ со третиот гол на натпреварот ја врати предноста за Гецтепе од два гола. Во 90. минута Хатајспор успеа да стигне до нов гол и да го намали конечниот резултат на 2:3.